
Здравствено- хигиенското значење на пливањето како физичка активност го ставаме во прв план, бидејќи со тоа ја исполнуваме основната задача на физичкото воспитување.
Со пливањето како спорт го постигнуваме она што со другите видови физичка активност не може да се постигне. Вредноста на пливањето како спорт во воспитно – образовната дејност низ процесот на обучување, а подоцна и во спорсткото пливање може многу да влијае на развивање на морално сакани особини како што се упорност,истрајност и сл. Во процесот на образованието движењата во пливањето има свое посебно место.
Пливањето има големо значење за правилен анатомско – физиолошки развој на организмот. Со пливањето се ангажира комплетниот движечки апарат подеднакво и затоа пливањето влијае за развивање на мускулната снага како и подобрување на работата на сите зглобови. Посебно го истакнуваме пливањето како специфичен вид на телесно вежбање кое има позитивно влијание на правилно формирање на кичмениот столб, а од друга страна пливањето има своја посебна методолошка примена. Физиолошката вредност на пливањето ја гледаме врз влијанието кое го има на срцево садовниот систем, а посебно на органите за дишење.
Пливањето е вештина на одржување и движење на телото во вода,спортска гранка во која се настојува што побрзо односно за што пократко време , препливувајќи одредена дистанца на еден од четирите начини на пливање.
Пливањето е базичен спорт ,кој треба да го применува секој човек,а од особено значење е да го применуваат деца на возраст од 05 до 15 годишна возраст. Совладувањето на техниките за пливање претставува тешка задача за почетниците. Пливањето препознава 4 техники во пливање и тоа: КРАУЛ, ГРБНО ПЛИВАЊЕ,ГРАДНО ПЛИВАЊЕ И ДЕЛФИН . Техника краул е една од најстарите техники во пливањето , најбрза и најпопуларен начин на пливање, а според тоа претставува и основа за грбно пливање. Карактеристиките се наизменични непрекинати движења на рацете и нозете . Работа со рацете во техника краул претставува основно и најважно движење и затоа на нив се посветува посебно внимание при обука.
Иако сите овие техники на изглед изгледаат различни, сепак постојат одредени сличности и заеднички движења кои се користат во техничката припрема на пливачот од почетно ниво па до ниво на врвно пливање.
Доброто пливање се карактеризира со совршено координативно движење на рацете, нозете и дишењето како еден циклус на завеслаи кои следат еден по друг. За постигнување на такви просторно и временски ускладени движења потребно е да се утврди редослед на меѓусебни односи на сите оние делови кои го сочинуваат циклусот на завеслаи комплетен и складен.
Елена Смилевска