Општина Дебар
Општина Радовиш
На ден27.09.2022 година во ООУ „Крсте Петков Мисирков“ – Радовиш по повод Европска недела на спортот се одржа натпревар во кошарка на кој учествуваа 20 момчиња и девојчиња од 9 одделение (а бидејќи нашето училиште е двојазично, односно учат ученици и на македонски и на турски наставен јазик со одбележуванјето на Европската недела на спорт беа опфатени ученици кои учат и на македонски и на турски наставен јазик). Учениците беа поделени во 2 екипи од по десе момчиња и девојчиња и се одигра кошаркарски натпревар на кој во преден план беше дружењето а не резултатот. На натпреварот учествуваа следните ученици: Баџаков Митко, Крстева Марија, Геговски Никодим, Гогова Кристина, Накова Вероника, Михајлоски Флоријан, Божинов Константин, Лазаров Златко, Ристов Лука, Ташкова Теа, Велиова Ѓулбен, Јусуфов Муамет, Рустемов Муамер, Сулиманов Бирадин, Алиова Бахар, Зекир Јелиз, Исмаилов Ерен, Јакуп Ариф, Јешарова Севил, Јусуфова Фатиме
Општина Росоман
По повод Европскиот ден на училишниот спорт во спортската сала на ОУ “Пере Тошев” во
Росоман на ден 24.09.2022 наставниците организираа спортски ден во кој учествуваа ученици
од ОУ “Пере Тошев”. Активноста беше поделена во 3 натпреварувачки игри во кои учествуваа
момчиња и девојчиња. Овој настан траеше 1 час и со тоа се одбележа овој меѓународен
настан.
Општина Струга
По повод Европската недела на спортот организиран од страна на Агенција за млади и спорт и Општина Струга во спортската сала при ОУ “Браќа Миладиновци” се одржаа спортско – рекреативни активности со ученици од двете основни училишта “Јосип Броз Тито” и “Браќа Миладиновци” . Целта е да се поттикнат младите да бидат поактивни уште во порана возраст, зближување од различни заедници, негувањето врски помеѓу различните организации и заедници, водење на здрав и активен живот.
Општина Радовиш
Општина Крушево
Општина Чучер Сандево
Општина Неготино
По повод Европската недела на спортот во Неготино се одржа спортски настан на кој учество земаа ученици од ООУ ,,Страшо Пинџур” Неготино Настанот се одржа на 23.09.2022 година во 14 часот со почеток на велосипедската рута од ООУ ,,Страшо Пинџур “ Неготино низ Криволак,Пепелиште и завршеток на велосипедската рутата во ООУ ,,Страшо Пинџур “ Неготино.
Настанот беше организиран во соработка со Општина Неготино, Агенцијата за млади и спорт, Федерација на училишен спорт.
Општина Зелениково
Општина Кичево
Општина Прилеп
На 24 септември на Европскиот ден на училишниот спорт (меѓународен ден), во Општина Прилеп, Тополчани, во основното училиште “Круме Волнароски” се одржа натпревар во мал фудбал. Натпреварот беше предводен од наставникот по ФЗО Бобан Богдановски, каде учествуваа 16 ученици распоредени во 2 тима од кои истите беа ученици на ООУ “Круме Волнароски”. Натпреварот се одигра во 2 полувремиња по 15 минути. На крајот од натпреварот се подарија блузи од Агенцијата за млади и спорт на сите учесници кои учествуваа на спортскиот настан. Во иднина се надеваме на повеќе вакви спортски настани за доброто на нашите деца. Во прилогот подолу има фотографии од денот на настанот.
Општина Делчево
Општина Аеродром
Општина Маврово Ростуше
Општина Кавадарци
Општина Битола
Општина Крива Паланка
Ученици од основните училиште ООУ „ Јоаким Крчовски“ учествуваа на спортски игри.
Спортот од најрана возраст е особено важен за психо-физичиот развој на децата. Физичката активност е одлична можност децата правилно да се насочуваат и да се учат на концетрација, самостојност и одговорност.
Општина Карпош
Општина Ѓорче Петров
На 22,09,2020 година ученици од основните училишта „Страшо Пинџур“ и „Јоаким Крчоски“ учествуваа на спортски игри.
Спортот од најрана возраст е особено важен за психо-физичиот развој на децата. Физичката активност е одлична можност децата правилно да се насочуваат и да се учат на концетрација, самостојност и одговорност. Тимската работа освен што има физички придобивки носи и самодисциплина, делење и толеранција. Затоа, многу е важно дополнително да ги ангажираме младите да спортуваат.
.
Општина Дојран
Општина Чаир
Општина Чучер Сандево
Општина Зелениково
Општина Валандово
Ученици од основните училишта во Валандово, заедно со децата од Дневниот центар од Валандово учествуваа на спортскиот настан по повод Европската недела на спортот и се натпреваруваа во дисциплините: пешачење, возење велосипед, возење ролери и трчање.Преку игрите децата ја нагласија желбата за заедништво, испратија пораки за инклузија во општеството и ја потенцираа важноста од физичка активност и здрави животни навики во заедницата.
.
Општина Гази Баба
На 20.09.2022 год.(вторник ) во спортската сала Методија Андонов Ченто при “ООУ Наум Наумовски – Борче” учениците од IIIв одделение преку спортска активност ја обележаа Европската недела на мобилност во организација на Агенција за млади и спорт, Федерација на училишен спорт на Македонија и општина Гази Баба.
Општина Пехчево
Општина Велес
Општина Велес во соработка со Агенцијата за млади и спорт, оваа година за прв пат ја одбележува Европската недела на спортот.
На просторот во Градскиот парк во Велес, на терените на т.н. Ракометно игралиште, на велосипедската патека (Pump Track), на просторот на фитнес зоната и на теренот на тениското игралиште, истовремено се одржаа неколку спортски активности.
Настанот го организираше тим на ученици од основните општински училишта „Васил Главинов” и „Блаже Конески” со одговорни наставници, а во координација на Службеникот за млади од Општина Велес. Поддршка на истиот дадоа и членовите на Тенискиот клуб „Борец Велес” од Велес.
Општина Охрид
Општина Гевгелија
Општина Дебар
На 19,09,2022 се реализира првиот ден од проектот „European week of sport“ спортската активност беше насочена кон Атлетиката. Целта беше да се откријат способностите на учениците кон која дисциплина имаат афинитети.
Од реализираните активности се забележува дека постојат ученици кои имаат талент во Атлетиката.