18:30 часот.
2021/ Понеделник
2021/ Среда
Ајде да бидеме активни и да скокаме заедно. Овој настан стана еден од омилените за секого, затоа што е прекрасен рекреативен настан овозможен за сите возрасти. Ве покануваме да ни се придружите, да се движите и да скокаме заедно. Нашите амбасадори ќе ве водат низ 45-минутни рекреативна активност, ќе ви бидат обезбедени промотивни пакети, вклучително и јаже за скокање, така да само треба да не посетите во Борис Трајковски и да бидете дел од нашата екипа. Ве охрабруваме да дојдете и да започнете да бидете активни со нас, а како изненадување за вас по настанот ќе ви обезбедиме протеински шејк за да го одржите вашето тело во здрав дух.
Прекрасната глетка на Берово ќе ве водушеви а истовремено и ќе ве води кон вашиот
целокупен активен ден со тоа што ќе започнете со вашите „бидете активни чевли“и ќе ве
раздвижи низ планините до прекрасното езеро. Ве покануваме да ни се придружите во Берово за целодневен настан со нашите амбасадори и претставници на националната федерација. Ќе го започнеме денот со планинарска тура а во исто време оние од вас кои возат велосипед можат да возат на рекреативната или професионалната спортска патека каде што ќе ве придружат спортски професионалци од локалниот клуб Малешевска Корија. По овие две активности ќе биде обезбеден ручек и по краток одмор ќе ги продолжиме
активностите со кајакарска федерација и некои активности како што се пинг понг, кошарка,
мини фудбал, скокање на јажиња, одбојка и други активности на спортскиот објект во Берово, каде што локален бенд ќе пушта музика за да не мотивира да продолжиме да уживаме, бидеме активни и социјализираме преку спортот и рекреативните активности.
3×3 Баскет е забава игра за сите возрасти, кој доби многу внимание од кога се појави како
спортски натпревар и на Олимписките игри во Токио 2020. 3×3 е доволно едноставна и флексибилна игра која може да се игра насекаде. Се што ви треба е обрач, половина терен
и шест играчи. Нашиот настан ќе се организира на отворено на Средно Водно за да ја
донесеме играта на отворено директно на луѓето. Оваа година ќе ја организираме играта со
млади луѓе за да ги раздвижиме и активираме, 14-18 години ќе имаат право да пријават
тимови со припазување на родова еднаквост, односно по една девојка ќе мора да биде дел од секој тим. 3×3 е можност за новите играчи, организатори и земји да одат од улиците до
светската сцена, ајде да се активираме!
Заедно со Федерација на Училишен Спорт националното координативното тело организира активности за поттикнување на физичка активност кај децата од 3-то одделение. Со цел да ги обучиме за физичка писменост и моторни вештини учениците ќе се охрабруваат да се интегрираат, комуницираат и применуваат когнитивни, психомоторни и афективни концепти кои им помагаат да стекнат широк мултикултурен поглед на светот преку искуства за учење по физичко образование. Се надеваме дека преку позитивни искуства учениците ќе ја ценат физичката активност и ќе го признаат нејзиниот придонес за здрав начин на живот.
Како и секоја година, националното координативно тело ќе организира рекреативна прошетка од ОУ Кочо Рацин до Средно Водно, каде што ќе имаме неколку спортски активности организирани како лавиринт а истовремено ќе ги предизвикаме сите присутни да се заложат и бидат активни. Придружете ни се, движете се и бидете активни заедно со
нас оваа вечер. Агенцијата ќе донесе претставници на националната федерација, амбасадори и специјални гости да ни се придружат на оваа прошетка и рекреативни активности на Средно Водно.
Овој ден е посветен со цел да им се даде можност на секоја жена и девојка да учествуваат во спортот и да ја инспирираат да биде активна. Националното координативно тело верува
дека различната физика и потреби на жените и девојките мора да се рефлектираат во спортот, дека инклузивниот спорт може да помогне во справувањето со социјалните и економските нееднаквости, дека родовите стереотипи и институционалната пристрасност ги спречуваат девојчињата и жените да се вратат во спортот односно не е правилно да се забрани пристапот на жените и девојките односно спортот може да го трансформира нивниот начин на живот. Агенцијата заедно со локалните спортски клубови ќе организира една пријателска игра со ракометарки кои се во пензија со млади ракометни играчи во Скопје. Исто така се организира уште еден пријателски натпревар со млади жени и мажи кои ќе играат кошарка во Гостивар. За да се поврзе различноста низ Северна Македонија, агенцијата ќе организира и еден пријателски натпревар односнио ќе учествува еден тим со мажи фудбалери и еден женски фудбалски тим.. Во исто време, ќе има време одвоено за да се зборува за тоа што за младите значи рамнотежа меѓу половите. Придружете ни се и бидете активни.
Ден за сите, дојдете и придружете ни се во прекрасниот Охрид и активирајте се со нас. Агенцијата заедно со локалните клубови, амбасадори и национални спортски федерации, како и спортски работници, ве поканува да дојдете да се рекреирате во Охрид додека се дружиме, забавуваме и сме физички активни. Во текот на денот, сите игри од различни спортови ќе бидат достапни, од полигон за сите возрасти, до ракомет, кошарка, фудбал, пилатес, а можеби и рекреативни активности за спортови на вода. Со толку многу различни спортови и голема разновидност на поединци, ќе го прославиме крајот на Европската недела на спортот и ќе собереме сила да продолжиме да го подобруваме и промовираме спортот за сите во Северна Македонија.
© 2021 Powered by Native Creativa & Hosted by Max Hosting