Општина Дебар

Во општина Дебар професорот Ујкан Јани организираше Развој на моторните способности кај децата.

Општина Радовиш

На ден27.09.2022 година во ООУ „Крсте Петков Мисирков“ – Радовиш по повод Европска недела на спортот се одржа натпревар во кошарка на кој учествуваа 20 момчиња и девојчиња од 9 одделение (а бидејќи нашето училиште е двојазично, односно учат ученици и на македонски и на турски наставен јазик со одбележуванјето на Европската недела на спорт беа опфатени ученици кои учат и на македонски и на турски наставен јазик). Учениците беа поделени во 2 екипи од по десе момчиња и девојчиња и се одигра кошаркарски натпревар на кој во преден план беше дружењето а не резултатот. На натпреварот учествуваа следните ученици: Баџаков Митко, Крстева Марија, Геговски Никодим, Гогова Кристина, Накова Вероника, Михајлоски Флоријан, Божинов Константин, Лазаров Златко, Ристов Лука, Ташкова Теа, Велиова Ѓулбен, Јусуфов Муамет, Рустемов Муамер, Сулиманов Бирадин, Алиова Бахар, Зекир Јелиз, Исмаилов Ерен, Јакуп Ариф, Јешарова Севил, Јусуфова Фатиме

Општина Росоман

По повод Европскиот ден на училишниот спорт во спортската сала на ОУ “Пере Тошев” во
Росоман на ден 24.09.2022 наставниците организираа спортски ден во кој учествуваа ученици
од ОУ “Пере Тошев”. Активноста беше поделена во 3 натпреварувачки игри во кои учествуваа
момчиња и девојчиња. Овој настан траеше 1 час и со тоа се одбележа овој меѓународен
настан.

Општина Струга

По повод Европската недела на спортот организиран од страна на Агенција за млади и спорт и Општина Струга во спортската сала при ОУ “Браќа Миладиновци” се одржаа спортско – рекреативни активности со ученици од двете основни училишта “Јосип Броз Тито” и  “Браќа Миладиновци” . Целта е да се поттикнат младите да бидат поактивни уште во порана возраст, зближување од различни заедници, негувањето врски помеѓу различните организации и заедници, водење на здрав и активен живот.

Општина Радовиш

По повод Европската недела на спортот во Радовиш се одржа спортски настани 

Општина Крушево

По повод Европската недела на спортот во Крушево се реализираа повеќе спортски активности

Општина Чучер Сандево

По повод Европската недела на спортот во Чучер Сандево се одржа спортски настани 

Општина Неготино 

По повод Европската недела на спортот во Неготино се одржа спортски настан на кој учество земаа ученици од ООУ ,,Страшо Пинџур” Неготино Настанот се одржа на 23.09.2022 година во 14 часот со почеток на велосипедската рута од ООУ ,,Страшо Пинџур “ Неготино низ Криволак,Пепелиште и завршеток на велосипедската рутата во ООУ ,,Страшо Пинџур “ Неготино.
Настанот беше организиран во соработка со Општина Неготино, Агенцијата за млади и спорт, Федерација на училишен спорт.

Општина Зелениково 

Втората предвидена активност се одржи на 24.09.2022- Сабота под наслов  ,,Развој на моторички способности преку форми на одење, лесно трчање, и забавни игри во природа” и ќе се состои од пешачење од ООУ Марко Цепенков до извидничкиот дом Градовци.
 
 
 

Општина Кичево

Општина Кичево со учениците од ООУ „Милто Гура“ и ООУ „Санде Штерјоски, реализираа повеќе спортски активности по повод Европската недела на спортот

Општина Прилеп

На 24 септември на Европскиот ден на училишниот спорт (меѓународен ден), во Општина Прилеп, Тополчани, во основното училиште “Круме Волнароски” се одржа натпревар во мал фудбал. Натпреварот беше предводен од наставникот по ФЗО Бобан Богдановски, каде учествуваа 16 ученици распоредени во 2 тима од кои истите беа ученици на ООУ “Круме Волнароски”. Натпреварот се одигра во 2 полувремиња по 15 минути. На крајот од натпреварот се подарија блузи од Агенцијата за млади и спорт на сите учесници кои учествуваа на спортскиот настан. Во иднина се надеваме на повеќе вакви спортски настани за доброто на нашите деца. Во прилогот подолу има фотографии од денот на настанот.
 
 
 
 

Општина Делчево

Учениците од ООУ „Св.Климент Охридски“ и ОУ  „Ванчо Прке“ од Општина Делчево се приклучија во Европската недела на спортот.

Општина Аеродром

Учениците од ООУ “Ѓорѓија Пулевски” од Општина Аеродром се приклучија во Европската недела на спортот.
 
 
 
 

Општина Маврово Ростуше

Општина Маврово Ростуше со учениците од ООУ „Хајан Селмани “, реализираа повеќе спортски активности по повод Европската недела на спортот
 
 
 
 

Општина Кавадарци

На 23,09,2022 во општина Кавадарци се одржа настан „Игри без граници“ каде што учество зедоа 16 ученици од основните училишта ООУ „Димката А. Габрот “ и ООУ „Тоде Х Тефов„ Каде учениците на полигон ги покажаа своите координациски способности.
 
 
 

Општина Битола

Ученици од основното училиште ООУ „Тодор Ангелевски “ учествуваа на спортски игри.
 
 
 

Општина Крива Паланка

Ученици од основните училиште ООУ „ Јоаким Крчовски“ учествуваа на спортски игри.
Спортот од најрана возраст е особено важен за психо-физичиот развој на децата. Физичката активност е одлична можност децата правилно да се насочуваат и да се учат на концетрација, самостојност и одговорност. 
 
 

Општина Карпош

Ученици од основните училиште ООУ „Петар Поп Арсов “ учествуваа на спортски игри.
Спортот од најрана возраст е особено важен за психо-физичиот развој на децата. Физичката активност е одлична можност децата правилно да се насочуваат и да се учат на концетрација, самостојност и одговорност. 
 
 

Општина Ѓорче Петров

На 22,09,2020 година ученици од основните училишта „Страшо Пинџур“ и „Јоаким Крчоски“ учествуваа на спортски игри.
Спортот од најрана возраст е особено важен за психо-физичиот развој на децата. Физичката активност е одлична можност децата правилно да се насочуваат и да се учат на концетрација, самостојност и одговорност. Тимската работа освен што има физички придобивки носи и самодисциплина, делење и толеранција. Затоа, многу е важно дополнително да ги ангажираме младите да спортуваат.
.
 

Општина Дојран

Забавен училишен спорт при ФУСМ
“Европска недела на спортот”
Ученици од IV-lX одделение од
ООУ Кочо Рацин – Нов Дојран. Учествуваа во манифестасијата со спортски активности
.
 

Општина Чаир

Општина Чаир со ученици од  ОУ “Хасан Приштина” и учениците од ОУ „Исмаил Ќемали“,  реализираа повеќе спортски активности по повод Еврооската недела на спортот.
.
 

Општина Чучер Сандево

На ден 22.09.2022 Општина Чучер Сандево со своите ученици од  ОУ “Александар Урдаревски” и учениците од ОУ „Св. Кирил Методиј“,  се вклучија во активностите по повод Европската недела на спортот, каде се  реализираа повеќе спортски актиности.
.
 

Општина Зелениково

На ден 21.09.2022 Општина Зеленилово со своите ученици од  ОУ “Марко Цепенков”,  се приклучија на пред кампања   на Еврооската недела на спортот, каде се одвиваше  натпревар  за мал фудбал, кошарка и ракомет  во салата на централното училиште во Станица Зелениково
.
 

Општина Валандово

 Ученици од основните училишта во Валандово, заедно со децата од Дневниот центар од Валандово учествуваа на спортскиот настан по повод Европската недела на спортот и се натпреваруваа во дисциплините: пешачење,  возење велосипед, возење ролери и трчање.
Преку игрите децата ја нагласија желбата за заедништво, испратија пораки за инклузија во општеството и ја потенцираа важноста од физичка активност и здрави животни навики во заедницата.
.
 

Општина Гази Баба

 На 20.09.2022 год.(вторник ) во спортската сала Методија Андонов Ченто при “ООУ Наум Наумовски – Борче” учениците од IIIв одделение преку спортска активност ја обележаа Европската недела на мобилност во организација на Агенција за млади и спорт, Федерација на училишен спорт на Македонија и општина Гази Баба.
 

Општина Пехчево

Општина Пехчево во соработка со Агенцијата за млади и спорт ја одбележува Европската недела на спортот.
Учениците од ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево по овој повод остварија повеќе спортски настани.
 
 

Општина Велес

Општина Велес во соработка со Агенцијата за млади и спорт, оваа година за прв пат ја одбележува Европската недела на спортот.
На просторот во Градскиот парк во Велес, на терените на т.н. Ракометно игралиште, на велосипедската патека (Pump Track), на просторот на фитнес зоната и на теренот на тениското игралиште, истовремено се одржаа неколку спортски активности.
Настанот го организираше тим на ученици од основните општински училишта „Васил Главинов” и „Блаже Конески” со одговорни наставници, а во координација на Службеникот за млади од Општина Велес. Поддршка на истиот дадоа и членовите на Тенискиот клуб „Борец Велес” од Велес.

Општина Охрид

Во рамките на Европската недела на спортот со учениците од ООУ “Св. Климент Охридски” од Охрид, се одржаа повеќе спортски активности.

Општина Гевгелија

Во рамките на Европската недела на спортот Со учениците од 7-мо одделение од ООУ “Владо Кантарџиев” од Гевгелија, се одржаа меѓуодделенски натпревари во кошарка во женска конкуренција и футсал во машка конкуренција.

Општина Дебар

На 19,09,2022 се реализира првиот ден од проектот „European week of sport“ спортската активност беше насочена кон Атлетиката. Целта беше да се откријат способностите на учениците кон која дисциплина имаат афинитети. 
Од реализираните активности се забележува дека постојат ученици кои имаат талент во Атлетиката.