За “Неделата на Спортот”
И оваа година Ве покануваме да ни се придружите и да бидете дел од отварањето на Европската недела на спортот под нашето препознатливо мото “BeActive”
Супер спортски настан кој е дел од #BEACTIVE програмата
Почеток: 10 часот
АГЕНДА ЗА НАСТАН ВО РОСТУШЕ
Веруваме дека сите ние сакаме кога некој не мотивира и ни посочува за поквалитетен живот со позитивна мисла исполнет со активности кои ни го подобруваат секојдневието.
Оваа година Агенцијата за млади и спорт ги организира активностите во прекрасната Струмица со што активностите ќе започнат во 19 часот, во центарот на Струмица каде секој може да дојде и да ужива во прекрасната енергија, добро друштво и многубројни активности за секој вкус.
Клубот за екстремни спортови “Sky Riders”-Прилеп на 24.09.20202 – 25.09.2022 по 7-ми пат ќе ја организира трката “Toptash Downhill Cup” и со тоа ни се придружува во Европската недела на спортот со нивната спортска агенда.Локацијата каде што ќе се одржува настанот е во близина на резервоарот за водоснабдување Топташ (место викано “Лизгајци”).
Настанот ќе се одвива по следниот распоред:Сабота 24.09.2022
11:00-16:00 – Тренинг со обезбеден превоз, медицинска екипа и судииНедела 25.09.2022
10:00-12:00 – Официјален тренинг
12:00-14:00 – Квалификациски спуст
14:00 – Финален (Официјална трка)Екипата на “Sky Riders” веќе еден месец ја припрема патеката која што секоја година е се поекстремна како што налагаат условите во спортот.
Оваа година се очекуваат околу 60-тина натпреварувачи од Македонија и соседните држави (Србија, Бугарија, Црна Гора, Грција, Албанија и Косово) со што оваа трка станува поатрактивна за најдобрите возачи на балканот.“Toptash Downhill Cup” ќе биде државно првенство на Македонија и ќе биде бодуван за ранг листата на Велосипедската Федерација на Македонија.Натреварувачите ќе бидат поделени во 5 категории:Mini Junior (12-15 години)
Junior (16-18 години)
Elite (19+ години)
Master (30+ години)
Hobby (рекреативци)На патеката има повеќе атрактивни места каде што публиката може да проследи возачите како ги поминуваат екстремните предели. Како што се 10 метарски скокови, Дропови од карпи, Стрмнини и многу брзи предели каде возачите поминуваа со голема брзина повеќе од 50 km/h.Локација Прилеп24-25 Септември
Скокање на јаже
Ајде да се забавуваме и спортуваме!
Скокањето со јаже е дефинитивно една од најзабавните и најефикасни кардио вежби со кои го раздвижувате целото тело.
Дојдете на нашиот настан да спортуваме заедно и да шириме позитивна енергија!