Викендов во СЦ Борис Трајковски се одржа еден од најмасовните меѓународни пливачки манифестации во државата. По 2 годишна пауза поради Ковид пандемијата на базенот во Карпош се одржа Дедо Мраз – Талент Куп во организација на пливачката академија Аква Про. На настанот учествуваа 402 пливачи, 29 пливачки клубови од Србија, Косово и Македонија. Најуспешни пливачи во Апсолутна Категорија и пливачи од 14-17 год беа, Павле Стојчески од ПК Аква Про – Скопје со освоени 6 златни и 4 сребрени медали и Хана Беиќи од ПК Отрила Приштина со 8 златни и 1 сребрен и 1 бронзен медал, во категорија 12-13 год Сара Атанасовска од ПК Нептун, Скопје со 5 златни и 1 сребрена медала и Давид Јовановски ПК Орион – Скопје 4 златни, 1 сребрена и 2 бронзени.

 

 

Почетокот на последниот месец за 2022 година го започнуваме со еден прекрасен мотивирачки настан посветен на млади талентирани ученици со цел да им се овозможи поголема мотивација и идентификување преку тестирање преку техника “пливање”.

Ќе учествуваат ученици од:

●ООУ „ Лазо Ангеловски“ – Општина Аеродром

●ООУ „Имри Елези“ – Општина Чаир

●ООУ „ Киро Глигоров“ – Општина Центар

Еднакви можности за младите да бидат активни во спортот