Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

ИДЕНТИФИКУВАЊЕ, МОТИВИРАЊЕ И ИЗБОР НА МЛАДИ ТАЛЕНТИРАНИ ПОЕДИНЦИ

Европската недела на спортот – EWoS BEAST има за цел да обезбеди можност за сите, а посебно за младите да бидат активни преку спортски и рекреативни активности. Детството е идеалното  време за да се спречи неактивноста и да се обезбедат програми за идентификување, мотивирање и избор на млади талентирани поединци во училиштата, како и да се пронајдат нови начини неактивните млади да го пронајдат нивниот правилен развој во иднината.

Силните и конзистентните докази потврдуваат дека физичкиот фитнес е силен маркер на здравјето кај децата и адолесцентите.
Новите истражувања и резултати имаат убедливи докази
кои укажуваат на тоа дека подобриот физички фитнес е поврзан со подобра когниција, академски перформанси како и со поздрави структури и со функционалноста на мозокот.

Според истражувањата од страна на проектот “Active Brains ” покажуваат на тоа дека големината на мозокот е позитивно поврзана со интелегенцијата, бидејќи проценката на фитнесот е релативно важна.

Целта на проектот е утврдување на состојбата на физичкиот фитнес кај децата од раната и средната училишна возраст во Република Северна Македонија.

Овој проект ќе биде изработка на референтни стандарди преку кои децата, младите и нивните родители ќе можат да го следат нивниот физички фитнес, додека наставниците и лекарите ќе добијат важни информации потребни за планирањето и реализирањето на интервенции во случај кога децата имаат некој проблем во нивниот физички и моторички развој или насочување на децата во некоја спортска активност. Истражувањето е реализирано на популација на деца и млади од 6 до 14 години од повеќе основните училишта во Република Северна Македонија.

Крајната цел на проектот е развивање на веб-базирана фитнес платформа, која ќе овозможи автоматски и интерактивна интерпретација на резултатите од фитнес – тестирањето врз основа на рефернтни стандарди за полот и возраста, поддржани од корисничка визуелизација на повратни информации и совети за подобрување на тестираните компоненти на физичкиот фитнес.
Исто така, кај учесниците ќе бидат дијагностицирани : нутритивниот статус, моторичките и функционалните способности – фитнес компоненти.

Со овој проект и со платформата имаме за цел да придонесеме за опсежна имплементација на мониторинг на физичкиот фитнес низ македонските училишта. Подобрувањето на физичкиот фитнес преку процесот на добро објаснето и смислено вежбање и поставување на индивидуални цели поставени и проверени со мониторинг на фитнес може значајно да придонесе на патот за физичко описменување на учениците.

Овие референтни вредности можат да бидат дефинитивно корисни и за спортски цели, како и за идентификација и развој на нови таленти.

Елена Смилевска

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

BeActive ЦСУОР „Искра“ Pre-Campaign

Целта на Европската недела на спортот или EwoS IMPACT е да се зголемифизичката активност на младите преку добра стратегија на национално ниво.Проектот EwoS IMPACT ќе

Read More

BeActive СОУ „Јане Сандански“ Pre-Campaign

Целта на Европската недела на спортот или EwoS IMPACT е да се зголемифизичката активност на младите преку добра стратегија на национално ниво.Проектот EwoS IMPACT ќе

Read More