Здраво друштво 👋
На наше големо задоволство ви претставуваме едно супер рекреативно доживување како дел од пред кампањата на Европската недела на спортот.
Настанот „Здрави навики“, е наменет за младите кои ќе имаат можност да се вклучат во заеднички настан со амбасадори, спортски работници, и тренери за активни здрави навики на 16-ти Септември 2023 година.
Нашите спонзори за овој настан активно ќе се вклучат во пред кампањата со дополнителни информации и подароци за сите заинтересирани.
Ќе бидат вклучени дечиња од повеќе основни училишта од: ⬇️
Општина Аеродром
Општина Центар
Општина Чаир
Општина Ѓорче Петров
Општина Шуто Оризари
Општина Зелениково
Децата ќе имаат можност да се дружат, натпреваруваат да ни спремат некој здрав брз оброк при што најдобриот ќе биде победник!
Ве очекуваме 🙌
16.09.2023
️11:00 – 14:00
Градски Парк – Школка