Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

BeActive СОУ „Кочо Рацин“ Pre-Campaign

Целта на Европската недела на спортот или EwoS IMPACT е да се зголеми
физичката активност на младите преку добра стратегија на национално ниво.
Проектот EwoS IMPACT ќе овозможи и обезбеди можности за сите млади да ги
подобрат своите психофизички способности и социјалната комуникација преку спортот.

Фокусот е даден на обезбедување на нови можности за сите да бидат активни,
бидејќи во ова модерно време напредната технологија го менува начинот на нашиот
живот и тоа доведува до намалување на физичката активност кај младите. Па затоа
со поддршката која што ја добивме од страна на Министерството за образование,
ние Министерството за спорт добивме можности да стапиме во контакт со многу
средни училишта на ниво на целата наша држава и се надеваме дека ќе ја
поткренеме свеста кај младите да се фокусираат повеќе на физичката активност–спортот.

Подршката која што ни беше дадена од страна на Министерството за образование
ни овозможи да стапиме во контакт со 65 средни училишта на ниво на нашата
држава, меѓу кои е и средното училиште “ Кочо Рацин ” во Свети Николе. Ова средно
училиште го претставуваат негови ученици, заедно со нивните професори и
организираа спортста активност, пешачење до локалитет Била Зора во Свети Николе
во времетраење од 4 наставни часа. Средното училиште “ Koчо Рацин” ја направи
оваа организација заедни со неговите ученици со цел да ја кренат свеста кај младите
за спортската рекреација и колку физичката активност е битна за еден човек –
граѓанин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

3х3 Баскет – 26.09.2024

Имавме една супер дружба проследена со многу активности како што се пинг понг, одбојка, фудбал а за сите љубители на кошарката организиравме 3×3 баскет натпревари.

Read More