На 27.09.2024 на спортските терени на ДСУ Орце Николов Скопје, со почеток во 20ч, повеќе од 50 атлети со атипичен развој од Скопје и Тетово заедно со нивните тренери и придружувачи беа дел од Европската недела на спортот.
Со помош на на волонтерите од Факултетот за физичка култура од Скопје и координаторите на СОМ, атлетите можеа да ги покажат своите способности преку фудбалски пологони и да уживаат во фудбалската игра преку натпреварите во мал фудбал, покажувајќи храброст, желба и одважност во креирање на еднакви можности за спортување.
Преку заедничката забава и спортски активности покажавме дека спортот е најдобро средство за инклузија и простор во кој сите имаат можност да бидат прифатени.
Се надеваме за продолжување на оваа успешна соработка и во иднина.