Целта на Европската недела на спортот или EwoS IMPACT е да се зголеми
физичката активност на младите преку добра стратегија на национално ниво.
Проектот EwoS IMPACT ќе овозможи и обезбеди можности за сите млади да ги
подобрат своите психофизички способности и социјалната комуникација преку спортот.
Фокусот е даден на обезбедување на нови можности за сите да бидат активни,
бидејќи во ова модерно време напредната технологија го менува начинот на нашиот
живот и тоа доведува до намалување на физичката активност кај младите. Па затоа
со поддршката која што ја добивме од страна на Министерството за образование,
ние Министерството за спорт добивме можности да стапиме во контакт со многу
средни училишта на ниво на целата наша држава и се надеваме дека ќе ја
поткренеме свеста кај младите да се фокусираат повеќе на физичката активност–спортот.
Подршката која што ни беше дадена од страна на Министерството за образование
ни овозможи да стапиме во контакт со 65 средни училишта на ниво на нашата
држава, меѓу кои е и средното училиште “ Св. Наум Охридски ” во Македонски Брод.
Ова средно училиште го претставуваат неговите ученици и организираа натпревар во
кошарка заедно со нивните професори, со цел да ја кренат свеста кај младите за
спортската рекреација и колку физичката активност е битна за еден човек – граѓанин.